Норвешка легенда кандидат за наследник на Берге

Главниот тренер на Драмен, Кристијан Кjелинг би можел да биде наследникот на Кристијан Берге на селекторската позиција во репрезентацијата на Норвешка.

Берге за последен пат ја водеше Норвешка во натпреварот против Шпанија од „Златната лига“ во кој Норвежаните ремизираа 26:26.

Кристијан Берге функцијата селектор на Норвешка ја извршуваше од 2014 година, а според последните информации главен кандидат за негов наследник е Кjелинг. Норвешкиот ракометен сојуз претходно најави дека до јуни ќе донесе одлука за новиот селектор на националниот тим.

Ќе потсетиме дека Драмен под водство на Хјелинг во 1/8 финалето од Купот на ЕХФ запиша голема победа дома против СКИФ од 37:23, додека вториот натпревар не се одржа затоа што Драмен одби да гостува во Русија.