Европскиот шампион Норвешка стартуваше со убедлива победа на Олимписките игри во Токио. Избраничките на Торир Хергеирсон триумфираа над незгодната селекција на Јужна Кореја со убедливи 12 голови разлика, 39-27.
Уште од стартот се виде дека ќе има игра на мачка и глушец кога Норвежанките поведоа со 9-1 и дадоа до знаење дека азиската селекција нема што да бара на овој меч. До крајот на полувремето беше 18-10.
Второто полувреме беше само формалност и европскиот првак успешно ги распредели силите. Не форсираше премногу, но и тоа беше доволно за убедлив стартен триумф со 12 погодоци, 39-27.
Кари Братсет Дале даде 11 погодоци, додека Вероника Кристијансен беше стрелец на седум гола, а голманката Солберг имаше 18 интервенции. Кај Јужна Кореја се истакна Сим со пет погодоци.