Репрезентативките на Норвешка после минатогодишната титула на Европското првенство успеаја и годинава да дојдат до круна на Мундијалот во Шпанија совладувајќи го истиот ривал како и лани со 29:22.
Во две различни полувремиња сè беше решено во вторите 30 минути кога на теренот играше само една екипа. Налутени после лошиот резултат после првото полувреме Норвежанките брзо решија сè и буквално доминираа на теренот.
Олимпискиот првак, Франција имаше контрола на играта во првото полувреме. Предноста се контролираше најдобро што може и постојано се имаше предност која даваше надежи дека во продолжението ќе биде полесно. Одеше сè добро и тоа донесе 16:12 за Франција на полувремето.
Почетокот на второто полувреме донесе невројатна игра на Норвежанките. За само 3-4 минути се виде дека она што беше пропуштено во првиот дел ќе биде надоместено набрзина, а потоа само се контролираше предноста. Во ниту еден момент немаше проблем и сè беше многу лесно за да се одработи.
На голот Солберг правеше чуда и ги „излуде“ противничките ракометарки бидејќи запираше удари кога многумина топките веќе ги гледаа во голот. Со неверојатна борбеност во одбрана, брз развој на нападите не беше проблем веќе во 33 минута да биде нерешено 16:16, а во 40. минута да биде 22:19. Откако Франција намали на 20:22 цели 11 минути немаше погодок и тука веќе беше решено кој е новиот светски шампион.
Норвешка обезбеди 26:20 на десет минути до крај, па требаше само да се заврши одличната игра од вторите 30 минути во кои селекцијата на Франција постигна само шест гола, а прими дури 17. На крајот 29:22 за Норвешка и нова титула од големите шампионати.
ФРАНЦИЈА – НОРВЕШКА 22:29 (16:12)
Сала: „Палата на спортовите“ во Гранољерс. Судии: Викторија Алпаидзе и Татјана Бережкина од Русија. Делегати: Аријана Војиќ од БиХ, Јоана Бремер од Полска и Стела Вартањан од Русија.
ФРАНЦИЈА: Глаузер (6 одб.), Дарле (5 одб.), Ноканди 1/1, Тобланк 1/3, Валентини 0/1, Пино 4/5, Ласурс 2/2, Зади Деуна 2/6, Уголин 2/3, Флипес 2/4, Канор, Хорачек 1/5, Едвиж, Фопа 3/4, Нзе Минко 2/3, Грание 2/4
Седмерци: 4/5, Исклучувања: 8 мин.
НОРВЕШКА: Солберг (12 одб.), Лунде (2 одб.), Рејстад 6/9, Хег Арнцен, Кристијансен 2/4, Морк 5/10, Офтедал 5/8, Ауне 3/3, Братсет 5/5, Ингстад, Хогдал, Јакобсен 1/2, Херем, Солберк-Исаксен 2/3, Брејстол, Ардал
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 6 мин.