Селекцијата на Норвешка си обезбеди победа од 38:29 против Австрија, а со тоа и два бода за пренесување во следната фаза бидејќи ќе ги има бодовите од дуелот против Швајцарија.
Високата победа беше резултат на сето она што беше прикажано на теренот, а таму Норвешка имаше целосна доминација. Австрија која на првенството дојде без најдобрите не ни можеше да се спротистави така што рано се помири со поразот.
Кој победува се виде уште во првото полувреме кога Норвешка имаше резултат од 20:17 и овие плус три само дадоа можност за мирно играње во продолжение и уште поголема опасност кон голот на противникот.
Во вториот дел Норвежните уште повеќе се растрчаа и казнуваа. Австријците никако не можеа да се снајдат на теренот така што мораа да се помират со пораз и со пат во Президент купот каде што ќе бидат меѓу главните кандидати за најдобра позиција.
Конечните 38:29 само покажаа дека Норвешка имаше лош ден против Франција и дека уште е во трка за четврт-финале, па Португалија, Исланд и Алжир ќе имат тешка задача во втората фаза.