Иако имаа седум победи по ред, некои од нив и убедливи, норвешките репрезентативци го загубија најважниот натпревар, полуфиналето што траеше 80 минути против Хрватска.
Капитенот Кристијан Бјорнсен беше очаен.
„Игравме добро, но не успеавме да победиме. Хрватите имаа голман што имаше свој ден, тоа беше неверојатно. Како некој виц, тој цело првенство немаше фатено топка, а баш против нас ја одигра средбата на својот живот“, изјави Бјорнсен.
Играчот на Вецлар во изјавата мисли на вториот голман Матеј Ашанин, кој имаше неколку интервенцииво моментите кога се кршеше резултатот, а „фати“ и два удари од седум метри. Заедно со Шего, беа одлични на хрватскиот гол и утре ќе се борат за златниот медал.