Нора Мерк си „ќари“ пет години помлад ракометар (ФОТО)

Ракометниот свет е преполн со љубовни парови помеѓу ракометари и ракометарки.

За време на Олимписките игри во Токио репрезентативецот на Шведска, Џери Толбринг и ракометарката од Норвешка, Нора Мерк ја објавија нивната врска.

Тие двајцата во исто време на Инстаграм споделија заедничка фотографија од летниот одмор.

Според скандинавските медиуми тие се во врска веќе неколку месеци, иако на профилот на Толбринг на Фејсбук се уште стојат фотографиите со поранешната девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jerry Tollbring (@tollbring)

Во овој момент и Мерк е на Олимписките игри во Токио со својата репрезентација. Норвешка е еден од главните фаворити за златен медал откако имаше одличен старт со две победи. 30 годишната ракометарка е главната ѕвезда во тимот и цели кон освојување на трофејот кој и недостасува во кариерата, а тоа е олимписко злато.

Џери Толбринг беше дел од својата репрезентација на Олимписките игри во Рио, но под водство на Солберг тој не е дел од тимот на ОИ во Токио. 25-годишникот долго време беше дел од бундеслигашот Рајн Некар Левен, но од следната сезона ќе игра во данскиот ГОГ за што можеби има влијание Мерк која игра во Кристиајансанд како би биле поблиску.