Ракометарките на романскиот тим Корона Брашов кои беа суспендирани поради недозволената терапија откако им беше намалена казната почнаа да се враќаат на терените. Меѓу нив беше и македонската репрезентативка Наташа Нолевска.
Генералниот секретар на романскиот ракометен сојуз, Виорел Мазилу во интервју за романскиот prosport.ro ги расажа деталите за допинг скандалот во Корона Брашов. Според него ракометарките можеле да ја избегнат долгата суспензија.
„Кога дознавме за ласерската терапија на ракометарките романската антидопинг агенција (АНАД) се уште не знаевме детали што точно се случило. Јас и другите вработени во Ракометниот сојуз ги проучивме законите и на секој начин се обидовме да контактираме со ракометарките од Брашов. Но, во тоа време беше невозможно да се контактира со кој било од нив. На сите или им беа исклучени телефоните, или им беа одземени. Подоцна дознав дека управата на клубот им забранила да зборуваат. Сакав да им пренесам дека колку побрзо доброволно дојдат во анти-допинг агенцијата и признаат што се случило, толку конечните санкции ќе бидат поблаги за сите. Но, немав можност да го сторам тоа. Во следните денови разговарав со вториот тренер на тимот и претседателот на клубот. Ми се чинеше дека управата на клубот го слушна и прифати мојот став, но на крајот никој не се обрати до АНАД. Сè помина во најлошото сценарио кога антидопинг агенцијата стана свесна за ситуацијата и испрати известувања до сите играчи на Корона. Доколку тимот се пријавеше на АНАД, санкциите веројатно ќе беа многу поблаги“, раскажа Мазилу.
Вкупно 19 ракометарки на екипата на Корона Брашов добија известување од страна на Ракометната федерција на Романија дека се суспендирани поради сомнение дека користеле недозволена ласерска терапија, која стои на листата на забранети терапии на Анти-допинг агенцијата.
Суспензија за сите ракометарки на Корона Брашов, меѓу нив и репрезентативка на Македонија