Репрезентациите на Хрватска и Холандија одиграа без победник 25:25 во дуел од 4. коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Голот за реми го постигна Тин Лучин во 55 минута и во последните пет минути двете селекции не успеаја да реализираат.
Ракометарите на Штафан Олсон на првиот меч беа доминантни против ,,коцкестите”, триумфираа со 32:27.
Најефикасен во репрезентацијата на Хрватска беше екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш со пет погодоци. Кај Холандија предводник беше Дани Бајенс со шест реализации.
Пласман на Европското првенство обезбеди Словенија, која по вторпат славеше против Црна Гора и со новите освоени бода си обезбеди билет за континенталниот собир во Германија.
Избраниците на Урош Зорман триумфираа со седум гола разлика, 37:30, додека на првиот меч, кој беше одигран пред неколку дена, селекцијата на Словенија обезбеди победа од 32:29.
Словенија во својата група има осум бода, втора е Црна Гора со четири бода, ист број на бода има и БиХ, која денес славеше против ,,фенерџијата” Косово.