Машката репрезентација на Македонија вечерва го игра вториот натпревар од Европското првенство против селекцијата на Црна Гора.
На редовното тестирање пред натпреварот, пикерот Стојанче Стоилов доби позитивен тест и нема да игра против Црна Гора.
Селекторот Кире Лазаров за оваа средба ќе може да смета на Жарко Пешевски, Костадин Петров и Кристијан Симоноски.
Оваа ситуација уште повеќе ја усложнува ситуација за Македонија, но нашите репрезентативци секогаш играле најдобро кога некој ќе ги отпише.
Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора се игра во „Феникс Арена“ со почеток во 18:00 часот.