По повредата на левиот бек Ѓурѓина Јауковиќ, за која сезоната е завршена, францускиот Брест Бретањ, доби уште една лоша вест.
Голманката Клеопатра Дарле, доживеа потрес на мозокот и не е познато колку време ќе биде надвор од стројот на Брест.
Таа паузираше по Европското првенство во Македонија, Словенија и Црна Гора, само што се врати на терените, ќе мора одново на неопределена пауза.
Брест Бретањ се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите и ќе се соочи со романскиот Рапид Букурешт, но Дарле ќе биде неизвесна за тој двомеч.