По трансферите на ракометарите Бојан Маџовски и Мартин Велковски од Металург во Еурофарм Пелистер на почетокот на сезоната, во преодниот рок се реализира уште еден премин од Скопје во Битола, но овојпат тоа е член на стручниот штаб.
Станува збор за физиотерапевтот Никола Апостоловски, кој во Автокоманда помина седум сезони.
Тој во битолскиот клуб ќе работи заедно со Филип Милевски, а во составот на Металург на негово место беше ангажиран Виктор Стојанов.
Покрај Металург, Апостоловски има работено во тимот на Пролет, во футсал клубот Железарец и во младинските фудбалски репрезентации.