Нов протокол за организација на спортски натпревари – кои се препораките од Владата

По зголемиот број на позитивни случаи во Македонија, Владата заедно со Комисијата за заразни болести усвои нов прокотол за организација на спортски натпревари.

Ракометната федерација на Македонија ги стави во мирување сите натпреварувања во нејзина организација – Супер лига, Прва лига и Женска лига, се додека не го усогласи нејзиниот протокол со новиот општ протокол.

Клубовите најмногу реагираа на точката во протоколот што вели дека сите учесници во натпреварот мора да преват ПЦР тест на клупски трошок на 72 часа пред стартот, но како и досега, РФМ и клубовите ќе најдат заедничко решение.

Продолжението на ракометните активности на клупски план веројатно ќе се случи по завршувањето на ЕХФ неделата, во која машката репрезентација ќе игра против Финска и Швајцарија.

Во продлжение можете да го прочитате целиот нов протокол за организација на спортски натпревари во услови на Ковид-19.

ОПШТ ПРОТОКОЛ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО КОВИД-19

1.  Општи упатства

Овој протокол е составен со цел спречување на ширење на корона вирусот помеѓу спортисти, спортски работници, службени лица и сите останати лица вклучени во одигрување и организација на натпреварите.
Сите учесници на организација и спроведување на натпревари должни се да се придржуваат на сите пропишани мерки и донесени протоколи на Владата на РСМ кои се однесуваат на спречување и ширење на заразни болести со вирусот COVID-19.
Мерките и упатствата за организација на натпреварите предвидени со овој протокол должни се да ги применуваат организаторите на натпревари на групни спортови.
Секој учесник во натпреварувањето, пред почеток на натпреварувањето е должен да потпише изјава со која ги прифаќа мерките одредени со овој протокол.
Во однос на превозот на спортистите да се користат автобуси/комбиња со задолжително почитување на протоколите за вршење на превоз на патници особено во однос на дозволениот број на патници и задолжително носење на заштитни маски при патувањето.
При доаѓање во спортскиот објект, сите играчи и службени лица задолжително да носат заштитна маска.

Сите лица кои се присутни на натпреварот се должни за времетраење на натпреварот задолжително да носат заштитна маска, освен играчите на терен.

Забрането е меѓусебно ракување во ограничениот простор како и на терен пред почеток и по завршување на натпреварот помеѓу играчите и судиите.

Доколку се користат реквизити за бришење на паркетот истите да се дезинфицираат по секоја употреба од страна на персоналот.

Излезот за играчите и службените лица, тунелот за излегување на терен мораат да бидат без деца, маскоти или било кој друг од персоналот, по можност да се користат одвоени излези/влезови, со цел задржување на препорачаното физичко растојание помеѓу сите играчи и службени лица.

Зачестена дезинфекција на рацете на персоналот во спортските објекти кој е задолжен за одржување на хигиентата во објект во текот на натпреварот.

На клупата за резервни играчи да се одржува препорачаното физичко растојание, со задолжително  носење на заштитни маски.

Одржување на физичкото растојание помеѓу присутните од 1,5-2,0 метри и почитување на одредбата за негрупирање, како и не е дозволено секаков друг вид на дополнителни социјални активности.

Апарати за дезинфициенси за раце задолжително да бидат поставени на повеќе места, при влезот во објектот, во тунелите како и околу теренот.
Натпреварите се организираат без присуство на публика.

Мерење на телесна температура со безконтактен топломер пред влез во објектот на  лицата кај е дозволено присуство на натпреварот. За лицата кај кои ке се утврди покачена телесна температура над 37.2 (и по второ мерење), како и на лицата кои ќе одбијат мерење на температура забранет е влез во спортскиот објект.

Забранета е употребата на соблекувалните за цело време пред, во тек и по натпреварот.
Сите играчи треба да ја напуштат салата/теренот/објектот што е можно побрзо по завршување на натпреварот. Треба да има временски простор помеѓу заминувањето на двата тимови.

Прес конференции ќе се одржуваат само виртуелно, додека пак собата за прес  и mixed зоната ќе да бидат затворени.
Контрола на спроведување на овој протокол врши делегатот на натпреварот. Организаторот на натпреварот (клубот домаќин) е ДОЛЖЕН да достави список на сите присутни лица на натпреварот до делегатот на натпреварот.

Медицинскиот персонал на секој клуб соодветно кон претходните препораки е должен да води евиденција и да ја прати здравствената состојба на своите играчи и стручен штаб непосредно пред натпревар.

Спортските клубови се обврзани задолжително да спроведат ПЦР тестирање на играчите и тренерите 72 часа пред почеток на секој натпревар, од сопствени средства на клубот, со цел откривање на асимптоматски инфицираните лица.

2.  Категорија на лица на кои им е дозволено присуство на натпревар

На натпреварите можат да бидат присутни лица кои припаѓаат на следните категории: играчи, стручен штаб, судии, пом.судии, статистичари, делегат и контролор на судење, бришачи на паркет, медицински персонал, технички персонал за одржување на објектот и хигиената, редарска служба, претставници на менаџмент на клубовите, новинари, фотографи, камермани, претставници на анти допинг агенција, претставници/делегат на соодветна спортска федерација, ТВ оператори, пожарникари и припадници на Министерството за внатрешни работи.
Бројот на лицата во сите зони потребно е да се сведе на апсолутен минимум кој е неопходен за непречена организација на натпреварот со почитување на физичкото растојание од 1.5-2.0м. Во случај на проценка дека во некоја од зоните е присутен поголем број на лица делегатот на натпреварот е овластен да изврши прераспределба на лица, додека клубот домаќин сноси последици во согласност со Пропозициите за натпреварување, Правилник за натпреварување и Дисциплински правилник на соодветна федерација кој се однесува на слаба организација на натпреварот.

2а. Зони во спортските објекти
Просторот на спортскиот објект е поделен во 3 зони:

  • Зона 1 – терен и околу теренот, тунел за излегување на терен, соблекувални, ходници, амбуланта и останати простории кои непосредно ги користат играчите и службените лица.
  • Зона 2 – трибини, простор за медии, контролни соби и станици и останатите внатрешни простории во спортскиот објект.
  • Зона 3 – надворешност на спортскиот објект, паркинг за службени лица и екипи, простор за репортажна кола и др.

Секоја од трите наведени зони претставуваат физичка одвоена целина и сите се одделени една од друга.

2б. Распоред на лицата по зони

ЗОНА 1 ЗОНА 2 ЗОНА 3
Играчи на двата тима Менџмент на двата тима Редарска служба
Стручен штаб на двата тима Акредитирани новинари Тим со возило на Итна медицинска помош
Судии Контролор на судење Собирачи на податоци Репортажна кола
Делегат и Комесар Камермани ТВ оператори МВР
Помошни судии Редраска служба-редари Против пожарна единица
Статистичари Претставници на КФСМ
Бришачи на паркет Технички персонал
Медицински тим на клубовите МВР
Камермани ТВ оператори
Анти допинг
Акредитирани фотографи
Технички персонал
Редарска служба
МВР

 

Сите останати површини вон спортскиот објект се сметаат за јавни површини за кои се одговорни претставниците на МВР.

3. Постапување со член на клубот со позитивен ПЦР тест

При појава на позитивен ПЦР резултат кај член на спортскиот клуб, менаџментот на спортскиот клуб е должен позитивното лице ВЕДНАШ да го отстрани и изолира од учество во сите спортски активности. Менаџментот на спортскиот клуб е должен за случајот ВЕДНАШ да ја извести епидемиолошката служба од регионалниот Центар за јавно здравје и до истата да  достави список на сите членови на спортскиот клуб .
Епидемиолошката служба на регионалниот центар за јавно здравје прави проценка на ризик и дава мислење за самоизолација на членовите од клубот за што го известува спортскиот клуб. Врз основа на проценката на ризик секој од лицата ставени во самоизолација добиваат решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Доколку пред почетокот на натпреварот во тек или на крајот на натпреварот, се до напуштање на просториите на спортскиот објект се појави било кој симптом на било кој член на екипата (играчи, стручен штаб, членови на управа и др.), кој укажува на COVID-19 лицето веднаш се упатува до најблиското инфективно одделение по претходна телефонска најава.

Обврска на делегатот на натпреварот е да ги евидентира во својот извештај податоците за лицето со пројавени симптоми.

Доколку се потврди присуство на вирус COVID-19 кај евидентираниот член на екипата, другите членови на екипата се должни да ги почитуваат мерките од направената проценка на ризик од страна на епидемилошката служба.

4.    Упатства за подготовка на просториите и реквизитите

На сите официјални и неофицијални натпревари неопходно е:

  • Засилени хигиенски мерки во просториите на спортските објекти со често перење и дезинфекцирање на опремата, мебелот и приборот за работење пред почетокот на натпреварот од страна на организаторот домаќин на натпреварот.
  • Клубот домаќин е должен да изврши дезинфекција на сите внатрешни простории во зоната 1 и 2, како и клупата за резервни играчи, еден час пред почеток на натпреварот, како и непосредно по завршување на истиот.
  • Во сите затворени простории вратите да се држат што повеќе отворени, да се избегнува фаќање на бравите и да се постават средства за дезинфекција на рацете во секоја од просториите.
  • Препораки за сите здравствено превентивни мерки треба да бидат истакнати во сите делови на спортскиот објект.
  • Да се постават на повеќе места корпи за отпадоци обложени од внатрешна страна со кеса кои ќе бидат видно означени, за отстранување на заштитни маски, употребената пластична и друга амбалажа, хартиени марамчиња и брисачи, употребени бандажи и сл.Содржината во затворена кесата се одлага како комунален отпад.
  • Да се постават  корпи за отпадоци обложени со кеса,  отстранување на употребена спортска опрема и пешкири, кесата се затвора и потоа кесата се носи надвор од спортскиот објект.

5. Овој протокол се однесува за организација за натпревари  и за тренинг натпревари.

6. Со овој протокол престанува да важи делот кој се однесува на организација на натпревари од поединечните протоколи за организација на работата на клубовите на спортските федерации и сите спортски федерации се должни ВЕДНАШ да ги корегираат своите наменски протоколи, односно одредбите од овој протокол да ги имплементираат во своите соодветни протоколи.