Поранешната македонска репрезентативка Марија Штериова и следната сезона останува во Романија, но ќе игра во друг клуб.
Иако имаше одлични бројки зад себе во Баја Маре, сепак се реши да ја прифати понудата на Глорија Бузау, тим што има големи амбиции за следната сезона.
Тимот од Бузау ќе има македонски двоец на бековската линија, бидејќи таму следната сезона ќе игра и Елена Ливриниќ.
Левиот бек во Македонија играше за Еуростандард ЃП, Кометал ЃП и Вардар, беше дел од унгарските Вац и Алба Фехервар, норвешка Волда, турскиот Кастамону, како и романската Дунареа Браила.