Нов предизвик за Тоше Ончев, потпиша за грчкиот Корфу

Поранешниот младински репрезентативец и член на европскиот шампион Вардар – Тоше Ончев по само една полусезона си замина од францускиот третолигаш Вернон.

Ончев лани настапуваше за Вернуј, каде беше еден од главните стрелци, а сезонава се реши за нов предизвик во Вернон и се чини дека погреши.

Како одминуваше времето неговата минутажа се намалуваше, па тој реши да побара нова средина.

Велешанецот потпиша за грчкиот Фаикас Корфу, тим што се наоѓа на 10.место во лигата, но има само еден бод помалку од Драма на осмото место, последно што води во плеј-офот.

На девет кола до крајот регуларниот дел, Корфу посилен за Ончев ќе има шанса да се избори за подобар резултат оваа сезона.