Македонскиот стратег Марјан Колев во новата сезона ќе има нов предизвик во тренерската кариера.
Тој потпиша договор на една сезона со тимот на Курнон Доверњ, кој се натпреварува во Третата лига на Франција.
Колев претходно шест години беше на кормилото на женскиот клуб Ница со кој имаше одлични резултати на домашна и меѓународна сцена.
„Подготвен сум за авантурата со Курнон која мислам дека ќе биде возбудлива. Клубот имаа амбиции и квалитетни ракометари. Сигурен сум дека може да направиме добра работа заедно. Чест ми е што ќе бидат дел од овој проект. Иако на хартија е само една сезона, јас ќе работам со голем ентузијазам. Ќе дадам 100% од себе за овој клуб во остварување на целта – најдобра сезона досега во историјата“, вели Колев.
Mакедонецот кој поседува Мастер коуч лиценца долги години е во Франција. Како играч беше дел од Вилфранш, Гонфревил, Монтелимар, Сент Егре, а потоа во овој клуб ја започнува и тренерската кариера пред да замине во Ница, каде остана шест сезони.