Повремената репрезентативка на Македонија, Елена Ливриниќ, која настапува на позицијата среден бек, во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик.
Екс ракометарката на Металург ги засили редовите на Сомбатељ од Унгарија. Станува збор за клуб кој изминатата сезона се натпреваруваше во најквалитетната унгарска лига.
Освен Ливриниќ, раководството на Сомбатељ ангажираше уште неколку засилувања, кои ќе имаат задача да го вратат клубот во унгарската елита.
Ливриниќ потекнува од екипата на Ѓорче Петров. Како играч се афирмираше во тимот на Металург. Екипата од Автокоманда ја напушти во текот на 2016 година и во последните шест сезони настапуваше во романскиот шампионат.
Беше дел од екипите на Данубиус Галаци, Рапид Букурешт, Глорија Бузау, Слатина, а во пролетниот дел од изминатата сезона го носеше дресот на Дева.