Десниот бек Стефан Трпчевски ќе има нов интернационален предизвик во кариерата и следната сезона ќе игра во Шпанија.
Трпчевски потпиша договор на една сезона со тимот на Бургос, со опција соработката да биде продолжена за уште една сезона ако двете страни се задоволни.
Станува збор за клуб што минатата сезона играше во плеј-офот, но не се избори за место во Асобал, па затоа претстојната сезона ќе се обиде да ја оствари целта.
Ова ќе биде четврти тим за битолчанецот во странство. Претходно играше за финскиот БК-46, израелскиот Хапоел Кирјат Оно и грчкиот Фаикас Корфу.
Трпчевски потекнува од Пелистер, ги бранеше боите на Вардар Јуниор, Вардар, Охрид и Струга, а последен клуб во Македонија му беше Тиквеш.