Македонската интернационалка Ана Марија Божиновска, во пролетниот дел од сезоната ќе има нов предизвик во кариерата.
Таа потпиша за израелскиот тим Макаби Ришон Ле Зион, каде што веќе настапува македонската голманка Драгана Петковска.
По настапите за Чаир и Вардар во Македонија, како и за кипарскиот Есентепе, каде беше најдобра ракометарка, Божиновска се реши за нов трансфер.
Макаби Ришон Ле Зион е на четвртата позиција на табелата во израелскиот шампионат и покрај Божиновска, пред плеј-оф битките се засили и со екс вардарката – десното крило Екатерина Љубјанаја.