По поразот од Магдебург во Лигата на шампионите, тимот на ПСЖ доживеа уште еден пораз, но овојпат во францускиот шампионат.
ПСЖ загуби на гостувањето кај Монпелје со 31-30. Тимот на Раул можеше да се врати од ова тешко гостување, но Десбоне го одбрани последниот шут на Кристопанс.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Порт и Вијмино со по шест гола, додека исто толку за ПСЖ дадоа Балагер и Кристопанс.
Сега Монпелје е лидер со 26 бода од 14 бода, пред ПСЖ со 24, а Нант е трет со 22 бода, но има и меч помалку.