Селекцијата на Данска на денешниот дуел против селекцијата на Бахреин нема да може да смета на Емил Јакобсен. Тој e позитивен на Ковид 19 и засега е надвор од комбинација и е во изолација.
Покрај него неизвесен за настап е и неговиот цимер (не е соопштено јавно името), кој ќе мора да помине на ново тестирање и да има негативен тест за да мора да игра.
„Ова не е убава вест, но ние сме подготвени за ваква ситуација. Ги следиме сите протоколи кои се предвидени за првенството од ИХФ“, вели спортскиот директор на Данска, Мортен Хенриксен.
Инаку, ИХФ има свој посебен протокол по кој се тестираат сите лица кои се дел од овој шампионат. Според тоа постои правнилник по кој сите мораат на тестирање во одредено време.
– ИХФ и претставници на медумите на секои 72 часа
– Судии и службени лица после секој натпревар
– Членови на делегација на екипите после секој натпревар
– Членови на Организацискиот комитет на секои 72 часа
Оваа процедура се спроведуваше во текот на последните денови и веќе има неколку случаи на позитивни кои се изолирани. Покрај ракометарот на Данска имаше уште неколку позитивни:
– Позитивен новинар од Португалија кој е изолиран
– Двајца позитивни ракометари во Словенија, а се очекува уште еден тест за потврда чии резултати ќе бидат познати денеска
– Бразил има еден позитивен играч, а денеска треба да има резултати од новите тестови на сите членови на репрезентацијата
– Во селекцијта на Зеленортските острови има четворица позитивни, а денеска се направени нови тестови.