По тројцата ракометари – Мадс Менса Ларсен, Гедеон Гвардиола и Јаник Колбахер, во Рајн Некар се појави и нов позитивен случај на коронавирусот.
Станува збор за тренерот Мартин Швалб, кој веќе се наоѓа во 14-дневен карантин. Откако беа откажани сите активности во овој клуб, Швалб заминал за Хамбург, но таму е утврдено дека е позитивен на коронавирусот, но засега е во домашна изолација.
„Се чувствувам добро засега, но сакам да им кажам на сите да ги почитуваат препораките од властите за побрзо да ја надминеме оваа ситуација“, изјави Швалб.
Веројатно тренерот на Рајн Некар Левен нема да биде последниот кој е заразен со коронавирусот од оваа екипа, бидејќи сите ракометари имале меѓусебен контакт во последниот период пред да бидат прекинати активностите.