Анастасовски од Франција се сели на Косово – потпиша за Кастриоти каде тренер е Аце Станковски

Косовскиот суперлигаш Кастриоти Феризај, кој е предводен од македонскиот тренер Аце Станковски, во своите редови го донесе екс ракометарот на Вардар Јуниор, Работнички и Охрид, Кристијан Анастасовски, кој на Косово ќе го има вториот интернационален предизвик.

Младиот ракометар во редовите на Кастриоти пристигна од францускиот второлигаш Анже, клуб во кој мина две сезони и забележа одлични настапи во Франција.

Раководството на клубот од Феризај ја официјализираше соработката со македонскиот ракометар и го најави како големо засилување во тимот.

Ракометарите на Кастриоти под водство на Аце Станковски, кој го презеде кормилото на клубот во пролетниот дел во изминатата сезона, ги оправдаа очекувањата и забележаа солидни резултати на домашна сцена.