На Светското младинско првенство во Словенија, кое се одржуваше во периодот од 22 јуни до 3 јули, беа постигнати голем број на атрактивни погодоци за ТВ шпици, имаше убави потези и атрактивни одбрани на голманите.
Сепак, репрезентацијата на Јапонија го имаше најдобриот постигнат гол на младинскиот Мундијал.
Јапонија во натпреварот против Чешка, кој одлучуваше која репрезентација ќе игра за подобар пласман, по истекот на регуларниот дел постигна гол од пенал за нерешен резултат, 28:28, а во пенал серијата беше подобра од чешката репрезентација за конечни 32:30.
Една од репрезентативките на Јапонија голот за нерешен резултат го постигна на атрактивен начин, со „кугларски“ удар од пенал.