Ракометарите на Металург забележаа уште еден пораз во Лигата на Европа откако денеска загубија на гостувањето во Австрија со 30:45
Кој ќе победи на овој натпревар се виде после десетина минути игра. Откако Фиверс поведе со 2:0 следуваше гол за Металург кој беше дело на младиот Петковски следуваше период во кој домашните доминираа.
На 4:1 Митиќ погоди за намалување, а потоа со 5:0 после десет минути игра домаќинот веќе имаше 9:2 и практично дојде до предност која овозможи да се игра мирно и да се направи сè до крајот на средбата да се добие овој дуел.
Откако се обезбедија плус седум можеше да се одигра мирно и да се одработи задачата според предвиденото. Металург успеа да се стабилизира и да биде на негатива од 8 до 10 разлика така што беше тешко да се направи нешто повеќе.
На одмор се замина со девет негатива, 13:22, па овие девет гола разлика до крајот на средбата само беа зголемени. Немаше многу моменти кои заслужуваа да бидат одбележани бидејќи домаќините играа борбено и многу лесно доаѓаа до шанса за шут и за гол.
Многу тешко можеше да се парира, а после средината на второто полувреме разликата одново стана двоцифрена и се зголемуваше, па на крајот Аон Фиверс обезбеди победа со 15 гола разлика (45:30) и освои два бода. Металург со овој пораз остана последен во групата со само еден бод освоен против истиот ривал на домашен терен.