Тимот на Вецлар каде што игра Филип Кузмановски, а асистент тренер е Филип Миркуловски, има лош старт на новата сезона во Бундес лигата.
Вецлар на домашен терен загуби од Лемго со 27-24 и запиша трет пораз во третиот натпревар сезонава.
Домашните имаа плус пет во 44 минута, 19-14, но дозволија серија на гостите од седум гола по ред за 21-19.
Стигна Вецлар до реми, 21-21, но тоа беше се од домаќините, бидејќи Лемго со нова серија стригна до полн плен од ова гостување.
Кузмановски доби минутажа на овој натпревар и успеа да постигне еден погодок од три обиди кон голот на Лемго.