Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски продолжува со одличните партии на стартот на новата сезона во португалскиот шампионат.
Тој беше меѓу клучните ракометари во триумфот на неговиот Порто на гостувањето кај Гаиа со 38-21, иако на полувремето беше 17-16.
Митревски се разбрани особено во вториот дел кога прими само пет гола, а успеа да одбрани 18 од 36 удари на противникот, што не се случува толку често во ракометот.
Формата на Митревски може да го радува тренерот Резенде, пред вториот дуел од Лигата на шампионите на гости кај словенечкиот Целје.
Во португалското првенство следен предизвик за Порто и македонскиот голман ќе биде домашниот меч со Виторија.