Ново признание за Лазаров – македонскиот ас во идеалниот тим на колото во Франција

Македонскиот ас Кире Лазаров доби признание за одличниот настап во победата на Нант против Ним со 34-26.

Лазаров се најде во идеалниот тим на колото, откако успеа да погоди девет седмерци на натпреварот.

Покрај нашиот десен бек во идеалниот тим се Пранди од ПСЖ, Илиќ од Тулуз, Фигуерас од Шарт, Портнер од Шамбери…

Лазаров и Нант продолжуваат со силниот ритам на натпревари и веќе денеска ќе се соочат со Бенфика во Лигата на Европа.