Претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка, ќе мине без многу ѕвезди кои се повредени, но и без многу ракометари кои се позитивни на коронавирус.
Шведскиот „Афтонбладет“ пишува дека ЕХФ воведува ново правило со кое „на ракометарот што имал позитивен тест ќе му дозволи настап на континенталниот собир најмалку 14 дена по добивањето на резултатот“.
ЕХФ ја информирала шведската ракометна федерација за ова правило, кое ќе биде погубно за голем дел од репрезентациите што играат на ЕП, а веќе имаат заразени ракометари.
Тоа значи дека Словенија ќе мора без Урбан Лесјак на мегдан со Македонија, Данска ќе биде без Јаник Грин против нашата селекција, додека Црногорците ќе играат на третиот меч против избраниците на Кире Лазаров без четворицата позитивни од вчерашното и денешното тестирање.
Македонија е во групата А што се игра во „Феникс Арена“ во Дебрецин и ќе игра со Словенија на 13 јануари, со Данска на 15, а со Црна Гора на 17 јануари.