Десниот бек Сергеј Сулима е нов ракометар на Бутел Скопје. Тој потпиша договор со суперлигашот што ќе стапи на сила од пролетната полусезона и ќе биде дел од екипата што ќе игра во Суперлигата, а потоа и во плеј-офот.
„Ова е нов предизвик во мојата кариера. Екипата на Бутел Скопје е амбициозна и ќе биде добра средина за мене. Очекувам да бидам еден од лидерите на тимот и да придонесам за уште подобри резултати. Мојот сонародник Богдан Панченко ми кажа само убави работи за раководството и за екипата, која е како семејство, па немав дилеми кога требаше да потпишам“, вели Сулима.
Сулима потекнува од составот на Авиатор Киев, потоа беше дел од Мотор Запорожје, ЗНТУ ЗАС, Портовик Јужњи, играше и за турските Мерсин, Селка, Трабзон и Измир, а во нашата земја настапуваше за Работнички.
Покрај Сулима, во текот на пролетната полусезона во Бутел ќе дојде и младинскиот репрезентативец на Нигерија, Фарук Јусуф.