По тренерот на голмани, Ице Соколески, стручниот штаб на машката сениорска репрезентација е засилен со уште едно ново име.
Станува збор за нутриционистот Цвета Динева, со која е започната соработка на почетокот на овој месец.
Двете страни се задоволни од досегашната соработка, па таа ќе се грижи за режимот на исхрана на македонските репрезентативци.
Македонија е во групата А на ЕП што ќе се игра во Дебрецин, а ривали на нашата селекција се Словенија, Данска и Црна Гора.