Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од последнотон коло во главната рунда.
Македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов уште еднаш покажаа дека уживаат голема доверба во ИХФ и добија задача на дерби натпревар.
Тие ќе го судат дерби натпреварот меѓу Франција и Шпанија, што ќе се игра вечерва во „Таурон Арена“ во Краков од 21:00 часот.
Најдобрата двојка досега беше дел од натпреварите во Гетеборг и Малме, а денеска ќе го судат првиот меч во Краков.