Најновото засилување на Вардар, левиот бек Васко Шеваљевиќ, денеска пристигна во Скопје.
Капитенот на црногорската репрезентација потпиша договор на година и пол со „црвено-црните“ и од утре ќе му се приклучи на тимот.
Тој би требало да биде ростерот за вториот натпревар од регионалната СЕХА лига против Нексе, а ќе му биде на располагање на стратегот Алушовски и за средбите од ЛШ.
Покрај Шеваљевиќ, во Вардар од лето би требало да дојдат и Хрватот Анте Кудуз и Србинот Дарко Ѓукиќ.