Екипите кои обезбедија место на завршниот турнир во Купот на Македонија во машка конкуренција една недела порано од предвиденото ќе играат за пехарот. Место на 23 новиот освојувач на Купот на Македонија ќе биде добиен на 16 мај.
Веќе е направена смена на терминот, па полуфиналните средби ќе бидат одиграни на 14 мај, а два дена подоцна ќе биде финалето. Дамите, пак, полуфиналните дуели ќе ги играат на 15 мај, додека и кај нив финалето ќе биде в недела на 16 мај.
Деновиве ќе биде познато кога ќе биде датумот за ждрепка за полуфиналните пресметки кај мажите, а тогаш ќе биде познато и каде ќе се игра завршницата од Купот на Македонија во двете конкуренции.
Во машка конкуенција во полуфиналето пласман обезбедија тимовите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург (ја брани титулата освоена 2019 година) и Бутел. Кај дамите во полуфиналето се најдоа ќе играат Куманово против Металург, како и Вардар против Чаир. Бранител на титулата од 2019 година е Куманово.