Нови суперлигашки возбудувања: Вардар пак ќе си има работа со битолчани, Бутел оди во Кавадарци

Претстојниот викенд на распоредот е 8 коло од Суперлигата, во плеј-оф и плеј-аут делот. Откако Вардар победи кај Еурофарм Пелистер во големото дерби, за македонскиот првак останува да одработи уште три меча до титулата.

Првиот од нив е веќе в недела кога Вардар ќе биде домаќин на Еурофарм Пелистер 2. Тимот на Александар Јовиќ е едниот од двата тима што може да се пофалат со триумф над македонскиот шампион.

Еурофарм Пелистер мора да победи на останатите три меча до крајот на плеј-офот и да се надева на кикс на Вардар. Битолчани в сабота ќе му гостуваат на незгодниот Охрид и ќе бараат рехабилитација по поразот од „црвено-црните“.

Третиот натпревар од плеј-офот се игра во Кавадарци, каде Тиквеш мора да победи против Бутел Скопје за да ја продолжи борбата за место во Лигата на Европа за следната сезона.

Колото започнува утре, кога во рамките на разигрувањето за опстанок, составот на Пролет ќе го пречека Прилеп, додека в недела Радовиш ќе биде домаќин на Струга.

Суперлига, 8 коло, плеј-оф/аут:

5/5, 18:30 часот, Пролет – Прилеп
7/5, 18:00 часот, Еурофарм Пелистер – Охрид
7/5, 20:00 часот, Тиквеш – Бутел Скопје
8/5, 13:00 часот, Вардар – Еурофарм Пелистер 2
8/5, 17:00 часот, Радовиш – Струга