По објавувањето на веста дека еден од носителите на француската репрезентација, Недим Ремили, ќе го пропушти Европското првенство во Унгарија и Словачка, селекторот на Франција, Гијом Жил ќе остане без услугите на Никола Карабатиќ, Беноа Конку и Јанис Лене.
Тројцата споменати ракометари ќе ја пропуштат првата фаза од подготовките на својата репрезентација бидејќи се позитивни на Ковид-19. На стартот од подготовките ќе отсуствува и голманот Винсан Жерар поради семејна трагедија.
Жил немаше многу време и мораше да повика дополнителни три нови имиња во националниот тим, а одлуката падна тоа да бидат голманот Весли Пардан, десниот бек Жулиен Бос, како и левото крило Тибо Бриe.
Франција на Европското првенство се наоѓа во Групата Ц. Нејзини противници во првата фаза ќе бидат селекциите на Украина, Србија и Хрватска.