Репрезентацијата на Романија, која е еден од ривалите на Македонија на Европското првенство во ноември, се соочува со големи проблеми пред доаѓањето во Скопје.
Според информациите на романскиот портал „Про Спорт“, една од најдобрите ракометарки во романската селекција, кружниот напаѓач Крина Пинтеа е неизвесна за настап на првиот натпревар на континенталниот собир.
Искусната ракометарка нема да се појави на подготвителниот период поради проблеми со колкот. Колку е сериозен проблемот, моментално, сѐ уште нема информации од романската репрезентација, но Пинтеа би можела да го пропушти стартот на Европското првенство.
Како што е веќе познато, селекцијата на Романија на Европското првенство ќе настапи без средниот бек Кристина Ласло, ракометарка која играше голема улога во репрезентацијата на Флорентин Пера.
Македонија дуелот против Романија ќе го одигра на 9 ноември во рамки од 3. коло од првата фаза.