Откако пред стартот на подготовките остана без Јагањац, Мандиќ и Мамиќ, а потоа и без Чупиќ, селекцијата на Хрватска се соочи со нови проблеми.
Од списокот отпадна средниот бек на Висла Плоцк, Тин Лучин, кој подолго време има проблеми со рамото. Не помогнаа ниту лекарските третмани, па тој нема да биде подготвен за предизвиците на СП.
Поради селекторот Хрвоје Хорват го повика бекот на Нексе, Томислав Северец, а дополнително е повикан и искусниот Јаков Гојун од Загреб. Хорват му се заблагодари на средниот бек Карпо Сиротиќ.
Хрватска е во група со Египет, Мароко и САД, а пред стартот на Мундијалот ќе одигра пријателски средби против Македонија и Израел.