Нови ваучери за клубовите – кој доби најмногу (ФОТО)

38 Ракометни клубови од Суперлигата, Женската лига и од машката прволигашката конкуренција, добија ваучери од страна на Агенцијата за млади и спорт, преку кои се обезбедуваат финансиски средства од спонзори во форма на даночно олеснување.

Ракометната федерација исто така доби ваучер, покрај одбојкарската и кошаркарската федерација, во износ од 22,8 милиони денари.

Европскиот шампион Вардар доби ваучер од 21 милион, Металург од 13,9 милиони, додека за Еурофарм Пелистер има ваучер од 17,9 милиони денари. Од женските клубови ваучер со најголем износ доби Металург – 3 милиони денари.