Нови бодови за вардарки, останаа цврсто на 2. место

Вардарки дојдоа до нова победа во Супер женската лига откако денеска на домашен терен се изборија за победа од 30:20 против составот на Деспина.

„Црвено-црните“ наметнаа свое темпо од стартот. Откако гостинките први поведоа со 1:0, а потоа и со 2:1 следуваа три гола на домашните и од тој момент беа во предност.

Сепак, некаде пред заминувањето на одмор гостинките дојдоа до ново водство откако при негатива од 7:9 направија 3:0 и стигнаа до водство од 10:9.

Домашните знаеја како во последните осум минути од првото полувреме да се дојде до нов пресврт и клучна предност од 14:10.

Овие четири гола беа сосема доволни за да се продолжи уште посилно, а рано беше потврден триумфот бидејќи гостинките веќе не можеа да следат. На тој начин се стигна до високи десет гола разлика со што вардарки сега останаа сами на 2. позиција на табелата.

ВАРДАР – ДЕСПИНА      30:20 (14:10)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

ВАРДАР: Трајковска, Илиќ, Попова 3, Ѓеоргиевска 3, Стефаноска, Џатевска, лазаровска 1, Паковска, Трпевска 8, Костовиќ 1, Диневска 6, Миновска 3, Галевска 4, Стојановска, Коцева, Дамјановска.

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 14 мин.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Ристеска, Боризоска, Гулеска, Рипилоска 1, Камческа 2, Димоска, Цветкоска 1, Спиркоска, Димитрова 3, Цанеска, Седлоска 2, Миноска, Аризанова, Конеска 9, Филипоска 2.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 8 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АСТИБО00000
2МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ00000
3СКОПЈЕ00000
4СТРУЖАНКА00000
5ЧАИР00000