Од 2021 година на Светските првенства ќе биде воведена опцијата репрезентациите да имаат петти член на клупата. Ова ќе биде наменето за секоја екипа на натпреварите да има специјален тренер за голманите.
Претседателот на тренерската комисија на ИХФ, Дитрих Шпет на специјaлна прес конференција ги сумиреаше впечатоците од Мундијалот во Јапонија и зборуваше за некои од измените и иновациите.
„Ефективността на голманите на Светското првенство е намалена, ова е генерален тренд и во машка и во женска конкуренција. Одлуката на Советот на ИХФ е од 2021 година репрезентациите да можат да користат по пет официјални лица на натпреварите на Светско првенство. Петото место ќе биде резервирано за тренер на голманите. Особено во женскиот ракомет потребно е уште да се работи за да се зголеми употребата на голмански тренери за време на натпреварите“, рече Шпет.
Најголемиот дел тимови ширум Европа имаат специјални тренери за голмани во свотие екипи како што е Дејан Периќ во Вардар, а останува тоа да се спроведе и во репрезентациите за подобар учинок на голманите.