Новитет во Загреб – ракометарите секој ден на заеднички доручек!

Нов тренер на хрватскиот шампион Загреб е Игор Вори, а негов помошник е прославениот ракометар Денис Шпољариќ.

Вори веднаш почна со промени, па донесе и нов тренер на голмани во Загреб – младиот Ариан Јовиќ, додека покрај играчките промени, тој најви и промени во навиките.

„Ракометарите секој ден ќе имаат заеднички доручек. Тоа не е ништо ново, во други земји е вообичаено. Јас и Денис сме биле надвор долго време, во силни лиги, сме биле во врвни состави и сме имале врвни тренери. Имаме многу да им пренесеме на младите ракометари. Најстариот наш играч има 26 години и тоа е екипа која може да работи, да учи, да напредува за она што ги чека ако се решат да одат во странство“, вели Вори за „Спортске Новости“.

Загреб ќе има двоен меѓународен предизвик во новата сезона и ќе игра во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата.