Новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Хрватска, Горан Перковац, откако ја наследи селекторската функција од Хрвоје Хорват, тој ја сподели својата визија за „новата“ Хрватска.
Според Перковац, неколку играчи во последните години биле запоставени од репрезентацијата.
Стратегот на ,,коцкестите” најмногу се осврна на левото крило, Мануел Штрлек, кој моментално настапува за унгарскиот гигант Веспрем.
,,Имаме играчи кои што се запоставени. Според мене, Мануел Штрлек даде голем придонес за репрезентацијата, а ние многу лесно се откажавме од него”, изјави Перковац за хрватскиот портал „Дневник“.
Мануел Штрлек во текот на 2020 година, кога репрезентацијата на Хрватска беше предводена од тогашниот селектор Лино Червар, изјави дека не сака повеќе да го носи националниот дрес.
Сепак, со доаѓањето на Перковац на кормилото на хрватската репрезентација, искусното лево крило може да ја промени одлуката.