Новиот селектор на Хрватска се изјасни за квалификациите: Повторно ги нема Мандалиниќ, Јотиќ…

И наследникот на Лино Червар, Хрвоје Хорват не смета на Мандалиниќ и Јотиќ за квалификациските средби за Олимписките игри во Токио, а ова стана јасно денеска откако ги соопшти играчите кои ги планира за дуелите против Франција, Португалија и Тунис.

Хорват ги повика крилата на Металург и Вардар, Златко Хорват и Иван Чупиќ, па речиси има идентичен состав како и на последното Светско првенство. Има само мали измени бидејќи во националниот тим се враќа искусниот десен бек Лука Степанчиќ, како и Домагој Павловиќ.

Двајцата беа повредени и веќе се рехабилитирани така што можат да помогнат во овие средби, но прашање е на кое ниво на подготвеност ќе бидат во март.

Во тимот се најдоа 21 ракометар, а се работи за веќе проверени ракометари. Натпреварите се играт од 12 до 14 март во Монпелје во Франција.

СОСТАВ

ГОЛМАНИ: Марин Шего (Монпелје, Франција), Иван Пешиќ (Мешков Брест, Белорусија), Мате Шуњиќ (Иври, Франција).

ДЕСНИ КРИЛА: Иван Чупиќ (Вардар), Златко Хорват (Металург)

ЛЕВИ КРИЛА: Мануел Штрлек (Веспрем, Унгарија), Давид Мандиќ (ППД Загреб).

ПИВОТИ: Жељко Муса (Магдебург, Германија, Марино Мариќ (Мелзунген, Германија), Илија Брозовиќ (Хановер, Германија), Марин Шипиќ (ППД Загреб).

БЕКОВИ: Лука Циндриќ (Барселона, Шпанија), Домагој Дувњак (Кил, Германија), Игор Карачиќ (Келце, Полска), Марко Мамиќ (Лајпциг, Германија), Халил Јагањац (Нексе), Иван Мартиновиќ (Хановер, Германија), Домагој Павловиќ (Мелзунген, Германија), Лука Шебетиќ (Трембле, Франција), Лука Степанчиќ (Пик Сегед, Унгарија), Матеј Хрстиќ (ППД Загреб).