Новиот македонски бисер – Ива Младеновска, има само 14 години, а ја однесе Македонија во финале

Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе игра финале на ЕХФ шампионатот во Клаипеда во Литванија, а таму беа прикажани одлични партии уште од почетокот на турнирот. После трите победи во групната фаза против Косово, Литванија и Финска и поразот од Шпанија вчера во полуфиналето девојките се надминаа и ја совладаа Полска со 25:22.

Ова беше средба на која се виде дека Македонија има нов бисер во Ива Младеновска, ракометарката која беше дел од тимот на и на ЕХФ шампионатот за младинки во Скопје. Таа е помала една генерација и од кадетките така што ова за неа е само вовед во една убава кариера бидејќи со своите врснички ќе има можност за уште еден циклус во кадетска конкуренција.

Младеновска има 14 години, но на теренот со колешките не делува така. Вчера делуваше како да има најголемо искуство бидејќи играше одлично кога беше најпотребно. Таа самата постигна 12 гола од вкупно 25 на Македонија, а имаше реализација од 63 проценти. Со вкупно 32 гола досега е на 4. Место на Листата на стрелците каде што првите две ракометарки имаат по 34 гола, а третата 33.

Ива Младеновска игра и како десно крило и како десен бек и од двете позиции е еднакво опасна за противничките голмани. Таа на првата средба на првенството против Косово постигна четири гола. Против Литванија беше уште порасположена и заедно со Ризоска тогаш беше и најефикасна. Двете имаа по осум гола. При поразот од Шпанија постигна пет погодоци, додека во победата за полуфинале против Финска имаше три гола.

Затоа во полуфиналето беше прогласена за играч на натпреварот, а ја одигра својата убедливо најдобра партија на шампионатот и доминираше на теренот. Буквално ги водеше своите колешки кон финалето и ги заслужи сите почести.