Новиот голман на Вардар, Али Сафар од Кувајт, би можел со титула да дојде во Скопје во јули.
Сафар беше меѓу најзаслужните во неговиот тим Ал Кувајт за изборениот триумф во полуфиналето над Ал Араби со 22-23.
Чуварот на мрежата собра 15 одбрани, а од нив една беше во последната секунда од удар од седум метри.
Поради тоа Сафар беше прогласен за играч на натпреварот, а утре неговиот тим ќе се бори за трофејот на Азиското првенство со катарскиот Ал Духаил.