Новиот вардарец не беше дел од славјето на Нант – Гурбиндо стана татко (ФОТО)

Шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо не беше дел од составот на Нант на реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Келце.

Нант славеше сензациоанлно во Полска со 31-34 и обезбеди четвртфинале, а Гурбиндо не играше поради тоа што беше присутен на раѓањето на неговиот син.

Македонскиот зет и иден вардарец, кој е оженет со Елена Милева, стана татко, а синот веќе доби име и ќе се вика – Лиам.

Неговите соиграчи му честитаа за раѓањето на синот со фотографија од соблекувалната по триумфот над Келце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eduardo Gurbindo (@gurbinsson)