Новиот вардарец Мело и Португалија со нова победа на СП

Денес на Светското младинско првенство во Грција и Германија беа одиграни дел од натпреварите од второто коло, по што се познати неколку учесници во следната фаза.

Ноивот член на Вардар за следната сезона, Нилтон Мело, со репрезентацијата на Португалија се радуваа на втора победа, откако во дуелот против Костарика немаа многу проблеми и триумфираа со 52:21.

Нилтон Мело одигра без грешка, запиша два погодоци од исто толку обиди, додека неговиот колега Педро Оливеира беше најефикасен на средбата со девет постигнати погодоци.

Сигурни патници во следната фаза освен Португалија се и репрезентациите на Германија, Бразил, Србија, Исланд, Египет и Грција.

СВЕТСКО МЛАДИНСКО ПРВЕНСТВО, 2. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ

ЛИБИЈА – АЛЖИР 19:27 (11:12)

ГЕРМАНИЈА – ТУНИС 46:31 (21:13)

КОСТАРИКА – ПОРТУГАЛИЈА 21:52 (12:26)

БРАЗИЛ – КУВАЈТ 29:20 (12:11)

ИСЛАНД – ЧИЛЕ 35:18 (12:6)

МАРОКО – СРБИЈА 20:38 (10:23)

САУДИСКА АРАБИЈА – ЕГИПЕТ 34:42 (20:21)

ГРЦИЈА – КУБА 46:26 (22:10)