Еден од новите ракометари во европскиот шампион Вардар ќе биде хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ.
Поранешниот член на битолски Еурофарм Пелистер, иако требаше да замине во Бенфика, сепак трансферот во португалскиот тим не се реализира и тој ќе стане „црвено-црн“.
Со неговата понежна половина, Јотиќ имаше турнеја низ хрватските острови (Хвар, Локрум), а беше и до Дубровник.
Судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, нема сомнеж дека со полни батерии ќе дојде во Скопје.