Словенечкиот плејмејкер Домен Макуц, кој има само 19 години, се наоѓа пред потпис со каталонскиот гигант Барселона, пишува „Handball Planet“.
Тој настапува за екипата на Целје, со која го освои Струшкиот турнир пред две години, а со начинот на игра потсетува многу на легендарниот Ивано Балиќ.
Макуц би требало да биде замената за капитенот Раул Ентрериос, кој можеби ќе се пензионира на крајот од сезоната.
Средниот бек имаше договор со Целје до 2022 година, па Барселона ќе мора да плати и оштета.
Од следната година во Барселона ќе игра и Блаж Јанц, а таму е уште еден Словенец – десниот бек Јуре Доленец.