Прес конференцијата после натпреварот помеѓу Иран и Казахстан беше прекината после едно новинарско прашање. Сè започна како вообичаен прес после натпревар, но после излагањето на ракометарките пресот беше прекинат.
Иранскиот новинар Реза Мохадес кој работи за Иран Интернационал ТВ со седиште во Лондон имаше прашања за ракометарките, но не му беше дозволено да продолжи со прашањата.
Мохадес отиде и на подиумот да ги праша одговорните зошто е прекинат пресот и не му е дозволено да постави прашања. Одговорот што го добил е дека нема повеќе време и пресот е завршен.
Официјалното образложение од организаторите на Мундаијалот е дека пресот бил прекина затоа што Мохадес поставувал прашања кои имале политички карактер. Казхстан славеше победа од 31:25, а за најдобра на теренот беше прогласена репрезентативката на Иран, Халили.